го (зам.) - истепа (гл.)

Кога навлегоа во подлабоката шума, човекот си помисли да откине некој стап од дрвјата и да го истепа мајмунчето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги разлути сите селани и тие стрчнаа кон камбанаријата да го запрат, да го истепаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си ја претстави првата вечер со тоа наметнато девојче, како го истепа и си рече дека не го сајдисува и како нема да го доводи до крај, но на силата од Адемага не можеше да не го земе и да не се венча со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас нема да бидам жива целиот ваш живот, - како на шега рече таа и ми го сврти дебелиот бел тил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко ѝ на Венче не само што побара да му се плати штетата, тук и го истепа Милча и ѝ забрани на Венче повеќе да не ја види со него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Татко ми нервозен се заканувал, кога ќе дојде брат ми, дека ќе го истепа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)