го (зам.) - испроба (гл.)

Најдоброто што го имаа сработено мајсторите преку денот, Веле сега сакаше да го види и сам да го испроба и да го направи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се обидуваат да дејствуваат во близина на новиот електронски медиј и да го испробуваат неговиот код.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На Рада, на која пишувањето ѝ одеше од рака, преку играта на зборови настојуваше да го испроба пулсот на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден си го испроба на земјата црвениот клун, притоа го заниша аловото кресно и ја зафрли кикиришката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од другите луѓе неа можеби ја разликуваше само умеењето да размислува поинаку и храброста да го испробува своето размислување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Брезничанчињата дотогаш немаа видено ни такво стакло да попушта под притисокот на нивните прстиња, па почнаа да го испробуваат дали некаде можат да го дупнат и дали после дупнатото нема само од себе да зарасне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Оттаму се спушти сè до Жепа и го определи местото каде што ќе се наоѓа скелето за превоз на каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич, како човек во години, посака да го испроба сосе ракавите; Петрович му помогна да ги облече и ракавите,  излезе дека и со нив е убаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)