„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Карло раскажува за своите патувања по Африка, за тоа како се вљубил во една Англичанка, за познанството со Алехандро Ходоровски или Александро Жодоровски, за еден талијански неофашист што со чизма му го искршил носот во бурните шеесетосмашки демонстрации, за син му што тргнува по неговите музички стапки, за тоа како сме дојдени во оваа земја не за да станеме дел од неа, туку за да ѝ подариме дел од себеси...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој се заврте кон Луција, завергла со клучот и со силна гас спрашти кон патот; ќе го искршеше џипот од брзина по дупките; излезе од споредниот на главниот пат и спрашти кон Велес.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Досега не се случило некој гавран да си го искрши клунот на камено јајце.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пееја на смена – првиот, потоа вториот. Пак првиот и пак вториот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Паметам, си реков: „Среќната јас, неговото име успеа да го искрши кожурецот на тајната и да се појави, иако Ведран настојуваше тоа име да остане затскриено!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И не бев сигурна колку смеам да бидам среќна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си велев а не си верував на зборовите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дека таа борба за господарење на праведноста всушност се зачнала пред илјадници години; веројатно во оној момент кога некој храбар и разумен моќник го искршил остенот на присилата и го фрлил во огнот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира овие мои размисли требаше да се сфатат како метафора, како пофалба на доброто кон кое човекот со векови се стремел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За некои од нив се говореше дека спијат во старата, полуурната куќа без жители, на која, еднаш не сакајќи, ѝ го искршив прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- И јас три дни не одам веќе. Ме тепаше класниот со прачка, и јас со кеман му го искршив прозорецот на куќата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Бабо, - почнав несигурно - јас сум... јас сум... бабо, јас сум тој што ти го искрши прозорецот, - најпосле изустив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По откривањето на оваа тајна, се откри и друга: жена му на Мил, кога еден ден го искрши ковчеџето од Илко за да не остане никаква трага од него, забележа во ситнуриите внатре и едно писмо. Кога го прочита, се скамна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)