Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само тој знае, како во тие години се правеше се за да ни го искорнат од умот и срцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Има во „Историјата на тајните“ еден пасус, за средбата на патрицијот со Кастилјанецот, воинот платеник, кој, крај логорскиот оган, цела ноќ, со очевидно вживување и веселба, му опишуваше како се шетал низ освоениот невернички град, несејќи на високо дигнато копје набодено дете, како во отсјајот на големиот пожар што го голтал неверничкиот храм, принудил три пленички на обилни љубовни услуги, како на заробениот заповедник му го искорнал прво едното, па другото око, а потоа го распорил од гркланот до тестисите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но големиот светски водач луѓето уште долго не можеа да го искорнат од душата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето, за кого провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Песните го одрекоа она што го говореа Го искорнаа она што го мислеа Какво апсурдно однесување: Решиле да бидат слободни!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето кога провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)