го (зам.) - исклучи (гл.)

Ако го исклучам машинистот, другите, особено двајцата од Пустенец, маката ги научила на една, според нив, вештина, која ние најстрого би ја осудиле, а тоа е уцената.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ѕидовите на шишето стануваат затвор, го исклучуваат сопственото јас од сѐ, додека во меѓувреме сопственото јас е прогонувано како никогаш порано, дури и внатре во границите на својот сопствен затвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тато гледаше телевизија. Мама полека пријде до телевизорот, нешто му рече на тато и го исклучи, а мене остро ми заповеда да седнам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Доколку не беше усраниот провајдер да ми го исклучи нетот, немаше да сфатам дека и јас спаѓам во групата на интернет џанкери.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вака ви остануе само да чекате на ред пред наплатните центри коа ќе ви го исклучат нетот па откако ќе си ја платите месечната сметка повторно да си ја добиете својата интернет доза.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Скот го исклучува радиото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тогаш таа го исклучи сметачот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само мирисот на чајот остана да го пече посилно од болката во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој стана, срдито го исклучи решото. Лончето запре да игра.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А откако го исклучи Татковото враќање во Цариград, неа сега ја мачеше нова загатка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но мајка му заборавила да го исклучи шпоретот и лебот изгорел.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ненадејниот импулс да го исклучи цревото за полевање, дојде како наредба од Домаќин, која сега лежеше свиткана среде ластарите на краставиците, само на дванаесетина стапки оддалеченост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Алек го одвезе својот трактор до крајот на рампата и го исклучи моторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички. ‌На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење. ‌Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како деца, тие седеа пред телевизорот и научија како да го вклучат, да се приклучат и да го исклучат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеме да ги наречеме „Биверси“ - деца од генерацијата „Тато знае најдобро“, чии родители беа она што понекогаш се нарекуваше „конформисти“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се обидел да го исклучи плинот. Се срушил врз подот. Го нашле потемнет, како црнец, изеден од гасот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ивона ги погледна и двата броја. Едниот веднаш го исклучи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А тоа дека министерот секогаш го носи писмото со себе, веднаш треба да го исклучиме.“ „Несомнено“, рече префектот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лут поради лошите критики 1920 пишува критики за сопственото дело под псевдонимот „Louis de Marsalle”. 1931 станува член на Пруската академија на уметност, но 1937 националсоцијалистите го исклучуваат и го прогласуваат за „деартизиран”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога неколку години подоцна, како некогашен титоист се обидував од искусниот социолог и филозоф Едгар Морен, еден од најголемите живи мислители, од македонско сефардско потекло, кој имаше комунистичко минато (Меѓу жртвите на Сталинград и фашизмот, јас го избрав комунизмот!, ми велеше тој) се обидував да ја разберам драмата на француските комунисти кои се приврзаа за Сталина (покрај Арагон, Елијар, дури и Сартр, кој наводно напишал дури и ода во чест на Сталин), тој ми ја изнесе тезата дека со своите ставови им пречел на француските комунисти, па затоа нашле начин да го исклучат од КПФ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој седеше зјапајќи во мраморната шарка на корицата од тетратката, обидувајќи се безуспешно да го исклучи гласот од свеста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Вие можете да го исклучите“! „Да“, рече О'Брајан, „ние можеме да го исклучиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако ќе го исклучам телефонот, ќе ми ја пронајде адресата во телефонскиот именик, и ќе ми се нацрта пред станот... ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Оваа Одлука не го исклучува Протоклот од 1913 година - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Читајќи натаму, тој возбудено откри дека писмото му е наменето на оној кого Здружението одамна го прогласи за отпадник и го исклучи од своите редови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа бил првиот најважен услов што треба да се исполни ако сум посакувал мојата приказна да не ја пречекори вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лиминални Постлими­ Предлиминални нални Гранична виза надзор проверка Слика 1: Границите како преодни обреди Границата има дискрециона функција: таа го исклучува опасното и го пропушта безбедното.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не му пречеше ниту гласниот звук од телевизорот во соседната соба кој редовно забораваше да го исклучи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
МАТЕЈ: (Пауза.) Од шеснаесеттата година. (Пауза) Телефонот го исклучи. Ќе умреме од глад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Епистемолошките прашања сврзани со лудилото се отфрлаат, лудилото го исклучува субјектот како субјект.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Меѓутоа, за да COGITO се воспостави како онтолошки реалитет, Декарт мора да го исклучи она што е директно спротивно на ЦОГИТО.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го исклучив мобилниот и неколку дена воопшто не бев достапна на телефон.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)