Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Челебијата се приближи и го искара Аќифа. — Брак, бре, брак Аќифага.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Врати му се, како мене вака, ќе видиш ќе дуе и ќе бега — го искара Толе Колета и го утеши со својата смелост и сила.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Петко убаво го слушаше Ушка, но молчејќи си го продолжи својот пат за дома.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На лавежот од песот истрча мало девојче — два тринаесет години, го искара, откако виде дека гостите не се Турци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Патем, бате“, рече тој. „Слушам дека оној мој неранимајко те удрил вчера со чатал. Убаво го искарав поради тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше што му е намерата, но се плашеше од Србина да не го искара.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Го искарав... А тој ми рече дека униформата ваша го надразнила, го предизвикала...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Наместо да го искара Тито, тој ги обвини петлите зашто не ги дисциплинирале подобро кокошките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ах, стар прчу, што ни стори бре човеку! го искара стопанот во себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мајка му го искара: - Што стоиш надвор?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дури на прашањето од свети Ксавиер, врагот само се усмевна, не удостојувајќи го со одговор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Иван пак, Никифорович, ви ја дава право в раце својата табакера и ви вели: „Земајте“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иван Иванович многу се лути ако во чорбата пронајде мува: тој тогаш просто излегува од кожата - и чинијата ќе ја фрли, и домаќинот ќе го искара.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иван Никифорович некојпат нема да се причува; тогаш обично Иван Иванович станува од местото и вели: “Доволно, доволно е, Иване Никифорович; подобро е што поскоро на сонце, отколку вакви, неугодни на Бога зборови да кажуваме”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како Иван Иванович, така и Иван Никифорович не ги сакаат стениците и никако нема да го пропуштат Еврејчето трговец, а да не купат од него еликсири против тие инсекти во различни шишенца, откако претходно добро ќе го искараат зашто тој ја исповеда еврејската вера.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не те пушта дури не дојде Дуко да го искара.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)