го (зам.) - исече (гл.)

Во цевката за мокрење вовлекувам бодликава жица и полека ја вртам обидувајќи се да го исечам нервот. (Брус цитиран кај Klocker 1989:118)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Неверојатно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едно момче отварајќи конзерва со малечко ноже си го исекол прстот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со жилет ја разрежувам аортата. Во увото забивам голема шајка. Главата во должина ја сечам на два дела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сабјата светна... го исече... го искина...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И го исекоа, го корнеа, со копачи, со сила.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Би им го исекол мандалото па самите ќе умрат психички.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Извади едно парче, го донесе над огништето, го исчисти од солта, па го исече на четири парчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но уште и пред да успее Амди ага да ја нажапчи портата, дворот муслиоски се наполни со разјарени потковичани, предводени од Максима, а него, Амди ага, тука, на портата, Атанас Јанчески Цицко со секира го исече.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, да, така е во Париз, а кај нас – на убавиот син Дунав,” и одново со устата отсвирка неколку тактови од валцерот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ако е вистинско, треба да летка.“ „Па ќе летка“, - рече Надица и со ножички го исече нацртаното листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
За предавство, претепан во 1874 година и штом му го исекоа носот, протеран во Березов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом стигна во Глупов, не само што не ги запостави макароните, но дури и многумина присилно ги принудуваше кон тоа, со што и се прослави себеси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нашата канцеларија се наоѓа во непосредна близина на фабриката во која дванаесетмина работници произведуваат мебел што човек го купува за да се кае потоа цел живот, освен ако не реши по три дни да го исече за потпалување: столчиња за пушење, столчиња за шиење, комоди, вешто бојосани столчиња што се кршат под тригодишни дечиња, мали подлошки за вази или саксии, безвредни дреболии кои за својот живот ѝ се благодарни само на вештината на столарот, додека во стварноста некој лош бојаџија им дава само привидна убавина со бојата за која сите мислат дека е лак, а која требаше да ги оправда цените.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утрото потоа, ги измив соништата од моето лице, и си го исеков погледот од рабовите на твојата насмевка.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Раиз, знаеше дека поради тоа беше виновен алчниот фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еден ден Раиз целосно го исекол фикусот, го раздели засекогаш од палмата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас, на пример, си го исеков прстот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако ученикот тивко се повлече, тој со ножето го исече ковертот, и од него извлече лист фина хартија.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Откако го исече рече: - Викнете ги сите деца од селото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тато, на пример, купи леб, го донесе дома и го исече на тенки резенки; мама направи салата од зелка и ја нареди масата за ручек; бабата го привардуваше ручекот и се врткаше околу шпоретот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Јас пак, - рече таткото, - јас бев на пазар, купив сѐ што требаше, донесов леб и го исеков на резенки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас нема да бидам жива целиот ваш живот, - како на шега рече таа и ми го сврти дебелиот бел тил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште се кострешам кога ќе ми текне за детето, фрлено под воденичниот цивун, кај што удира водата на замаецот за да го исечат перките, да му го иструпат телото, да не се знае кој го носел дотогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Благодарејќи им на својот број и на комуникацијата, неговите дела прават еден симетричен објект, еден тип на систем кој во себе е потполн или непрекинато таков настанува.” Paul Valery (Увод во методата на Leonardo da Vinci) Овој збиен опис, exergue, веднаш ќе го земеме во неговото вистинско значење, како ex ergon (hors dќouvre), како токму онаа легенда што би требало да се впише околу профилот на Marcel Duchamp на медал, онаков како што тој самиот го нацрта, или, поточно, го исече (1), за од него да направи подарок за своите пријатели, своевиден ex voto, или пак онаков каков што сакаше да биде прикажан, не без одредено нарцистичко самозадоволство, на сопствената фотографија снимена од Alfred Stieglitz (2), или на гравурата на еден Joseph Stella.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)