го (зам.) - интересира (гл.)

Курто: Еве, Бојс, чувте каква литература пишува овој фраер тука!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но што се случува? Жената снемува пари и го продава во зоолошка. Тој таму е депресивен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој мисли дека некого ќе го интересира колку пати моча на ден!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајмунките не го интересираат воопшто. Помислува на самоубиство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш Чанга откри дека татко ми, Калето, неговата историја, неговите тајни многу, многу го интересираат, се разбира мотивите на татко ми се разликуваа од неговите и интересот на Чанга за тврдината над градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Него не го интересира што зборуваме ние.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Всушност, ниту сакаше, ниту го интересираше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Далечното минато не го интересираше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Покрај принципот на монотонија, патетичен разговор, безначаен настан, во некои филмови актерите се доведени до вистинска катарза која не е одглумена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол беше поборник на класичниот ситем на холивудски yвезди; како што вели Тејлор, „Ворхол тврди дека никого не го интересираат ликовите што Мерлин Монро ги игра.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кире ме прашаше: - Како е кај нас? Јас му расправав за сѐ она што го инересираше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Националсоцијализмот се приклони кон посилни баталјони и единствено тие и го интересираа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поединечните судбини по правило веќе не го интересираат, тој работи со високи цифри и мисли во милениумски перспективи, тој согорува на националниот мегапроект и, разбирливо, не дозволува да биде попречуван со дребулии, впрочем, кој уште води сметка за струготини кога се уриваат цели шуми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Всушност, него го интересира да го чуе нивниот разговор и да види како ќе ја примат изложбава, поготово ако е и девојчето навистина учесник во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако имаше таква вест, ќе ја читаше со жедност, па макар да се работи за нешто што инаку никако не го интересира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но добриот бог, е па не би рекол дека многу го интересираат работите што мене ме интересираат, навистина не, не, не.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Него го интересира само „вегетативната“ спирала, спиралата со тенки и дебели црти, нерамна, природна, а никако геометризирана, бидејќи „сè што е стерилна геометрија е мртво“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Директорот Андреј Георгиев брзо разбра дека Татко го интересира пропаѓањето на Отоманската Империја од аспект на нејзините врски со претходните империи на Балканот, а во Институтот, таа Империја се третираше од аспектот на националните реалности на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го спомнав и Ѓурчина. Реков дека не можам ни да си замислам а камоли да поврзувам некого од нив со приказната што го интересира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборував, зборував и наеднаш сфатив дека Иван спие.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сите си мислеа за него: ништо не го интересира, ништо не знае.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Уметноста за Дишан е тајна која треба да се подели и да се прати како порака меѓу заговорниците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единствената убавина која го интересира Дишан е убавината на „рамнодушноста“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наспроти луцидноста и инстинктот, тој го поставува инстинктот на луцидноста: невидливото не е темно или мистериозно туку е транспарентно...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единствените закони кои го интересираат се законите на отстапка кои се однесуваат само на еден случај, во само една можност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Каубојот, еден страшно згоден ороспиец кого го носат на некој роденден како сексуален подарок за почесниот гостин, почнува нешто да се жали и да бара сочувство поради некоја спортска повреда со која се здобил неодамна во вежбалницата: „Ми се отпушти раката кога се кревав на бицепси“, вели – никого не го интересираат деталите многу-многу, ама овој сепак си меле, онаков симпатично неупатено опседнат со себеси – и акнав на петициве и си го свиткав грбот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спротивноста помеѓу убавецот и кампот што ја опишува Њутн се јавува во сиот свој антагонистички сјај во една сцена кон крајот на првиот чин од драмата на Март Кроли од 1968 година, Момците во групата (The Boys in the Band), првиот театарски хит кој беше пресвртница и кој експлицитно и успешно го стави на меѓународна сцена машкиот геј-друштвен живот (како што се живееше во градот Њујорк).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тука јас твојот маж го наоѓам за прав: го интересира само Македонија и ништо повеќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го интересира нешто што не постои во реалноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тоа што немаше ниту трага од некакво копање, никого не го интересираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како и да е, раководителот најмногу го интересираше како Сатурн дознал за сместувањето на својата сопруга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ретко кој го знае тоа или пак го интересираат маките што ги тргаш за да живееш така како што мислат дека живееш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да ги цитираме повторно Валериевите зборови за Leonardo, но описот okno.mk | Margina #3 [1994] 15 би можел да се однесува и на Duchamp: „Го интересира еротиката на машините, бидејќи животинската механика е негово омилено подрачје; но борбата направена од потењето и забревтаноста на учесниците, едно чудовиште од спротиставени мускулатури, преобразувањето во ѕвер - тоа во него, се чини по сѐ, предизвикува само одбојност и презир (...)“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ги крева Богдан очите од сликата и погледнува на часовникот на ѕидот; времето не го интересира; го привлекува неговото чукање што ја разбива тишината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наутро станува како кога, не држи до ред, до навика, а не му ни треба; не го интересира кое време отчукува часовникот на ѕидот; секој си го арџи своето време.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што оти му се обраќате, не ве слуша, не ве гледа, повеќе ништо не го интересира на земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- За чудо, овојпат Кејтен остана сосема мирен, како воопшто да не го интересираше она наоколу.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговата особена, меланхолична природа барала самотија. Заедничката работа и дискусиите не го интересирале.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Органицистичкиот уметник ова не го разбира, бидејќи него проникливоста, мистеријата, естетиката, уредувањето не го интересираат - за него сѐ веќе е уредено по крвта, тлото и по неговата хомогенизирана мисла.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мораше нешто да рече, ако веќе не смееше да праша за тоа што силно го интересираше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама светот не го интересира тоа и затоа сакам да те прашам: ќе направиш една џамија во слава на Алах?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не си љубоморат еден на друг, зашто Сирин не го интересира природата - туку механиката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никого не го интересира колкава плата имаш, како си ја платил колата или колку ти кошта куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кучето не го интересира звукот туку само месото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И не враќајте се, Ве молам да ме известите дека сѐ течело според планот. Цезарот тоа не го интересира.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
КОЈ Е КИБЕРПАНКЕР?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистинскиот пилот ништо на светот не го интересира освен реката, и гордоста со која тој ѝ пристапува на својата опсесија ја надминува гордоста на кралевите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И не беше голем љубопитник. Воопшто не го интересираа културните (ако воопшто можеа да се наречат културни) настани во неговото мало гратче.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Телото е препуштено само на себе до таа мера, што природните телесни движења човек воопшто повеќе не го интересираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А Атеистичкиот музеј? Замена за една верска илузија која најмногу би го интересирала Фројд. А религијата како опиум на народот? Идеја преземена од Фоербах и другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И З.З. упатува ревносен поглед кон мравките неоти го интересираа, туку тој повеќе го следеше мојот поглед, секое мое движење во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Милиционер навистина дојде, него не го интересираа нашите расправии со кондуктерот, туку бараше лични карти од патниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој е архитект и него не го интересираат разговорите за скапотијата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пандо имаше направено и други записи како Рецепти за лозјето, Купени работи што пак треба да се купат за да знам колку од што да купам и слични, но тие беа толку технички што авторот не го интересираа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само женкар никогаш не бил. Тоа не го интересира...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Него не го интересира ништо друго освен личната корист. Само тоа демне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој не пропушта да биде со неговите и со нас, не за друго, туку затоа што ептен многу го интересираат муабетите на возрасните и не сака ништо да пропушти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, на пример, воопшто немам желба да одам на филхармониски концерт и му се чудам на бато што толку го интересира таа музика и како може да му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми од срце се изнасмеа, онака како што јас многу сакам да се смее: гласно, силно, баш од срце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знае добро, во Маврово се водат најинтересните разговори, оти нема ни телевизор, ни радио, ни телефон, па нема што друго да се прави освен да се разговара и да се ужива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се нервира што Саше е занесен по нив и што ништо друго не го интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вели, труба дувал од немајкаде, а труба му е основен инструмент во музичкото училиште.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)