го (зам.) - израсне (гл.)

Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Цел маж!“ и го поттупна по рамото, задоволен како токму тој, со своето вешто стрижење, за дваесетина минути да успеал да го израсне од дете во момче.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Натаму каде и воопшто зошто штом таткото не го израснал синот дедото внукот штом не го зел в скут и сѐ одново мора да почне од ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кога би било некое питомо живинче, - мислеше сега, сосема слободен и како избеган од некоја стапица во себе, наеднаш наполно лесен и радосен со таа своја ослободеност, - кога би било некое питомо јаренце, мислеше, што си го израснал самиот, тогаш е нешто сосема поинакво и тогаш сигурно би можел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)