го (зам.) - изостави (гл.)

Татко во тие мигови длабоко сочувствуваше со својот пријател, му предложи да не работат, да имаат слободен ден, едноставно да го изостават зборот зандана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пак го изостави зборот убиец. - Свеќава ја палам за него... Да ми се врати...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Душка! Овој, - намерно го изостави она господин , е мој пријател кој е на поминување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбира ние ја замоливме овој дел од изјавата да го изостави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакавме на тој начин да го избегнеме замешувањето и валкањето на името на нашиот ценет другар и раководител Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но она што навистина го рече носеше поинаква порака: - Посакувам да ме посетуваат - рече а притоа го изостави благиот укор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
При презентирањето на својот обемен труд професорот покрај воведот (за кој веќе стануваше збор) го изостави и завршниот дел во кој покренува одредени сомненија па дури и некои неразумни барања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)