го (зам.) - издржува (гл.)

И ќе го запопи, што ќе прави владиката кога селаните се потпишале оти ќе го издржуваат овој свој нов поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оној што би требало да воспостави културен критериум (трансценденталитет) ѝ се предава на иманенцијата на оние на коишто критериумот им е неопходен за цивилизиран живот - за тие да го издржуваат во еден нецивилизиран живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неповерението тешко и децата го издржуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Детето неповерливо гледа во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го поминувам попладнето пиејќи Bloody Mary и лежерно играјќи топка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зјапам во очите на луѓето околу мене кои мирно го издржуваат моето испитување. Никој не вели ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако си речиме искрено, малкумина го издржуваат мачењето... повеќето за жал попуштаат и ги предаваат другарите и идеалите на кои до вчера им се колнеле на верност.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По оваа егзистенцијално безизлезна ситуација за него и за членовите на неговото потесно семејство кое го издржува, Х.Џ. неколкупати се обраќаше до неговите претпоставени и од нив изречно бараше да му се исплатат платите што му се должат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, според зборовите на Х.Џ., и старото и новото раководство беа „лоши и погубни“ за работниците – затоа што на вработените, наместо плата им нудеа бонови со коишто можеа да пазаруваат прашок за перење „Гонг“ и други хемиски производи од асортиманот на АД „Охис“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој е должен како татко да го издржува синот. Па и неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А што се однесува до тоа дека таа нема средства да го издржува Карл, - ќе го издржува тој. Зошто му е татко! ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Самиот Кејн, и покрај неколкуте настојчиви барања, одбил да ги внесе измените што ги барал Валд, па Кетрин Турни, сценаристката што ги направила првите прилично верни адаптации на романот, на крајот побарала да ѝ се тргне името од шпицата на филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот што произлегол е поучна, предупредителна сказна за злото на разводот и за русвајот што го предизвикуваат независните жени.266 ‌Проблемите започнуваат кога сопругот на Милдред ја губи работата во текот на Депресијата и кога веќе не може да си го издржува семејството, што на крајот ја тера Милдред да преземе и таа да носи леб на маса и да стане – со тешка, самопрегорна работа – успешна, авторитетна и, најпосле, богата деловна жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Леле пуста јас! Одвај го издржува денот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Брат ѝ заработуваше доволно за да го издржува целото семејство и таа повеќе не мораше да продава цвеќиња на градските гробишта; сега се беше посветила на помагање на понижените, но и на нивно освестување за правата кои требаше да си ги бараат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е природна поделба која постоела од почетокот на човечкиот род – мажите како посилни повеќе можеле да заработат, жените останувале дома со децата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Забораваш дека во оние семејства во кои сето време на мајките е посветено на децата и на домот, во тие семејства и мажите немаат слободно време, затоа што од утро до мрак работат за да можат да го издржуваат семејството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)