го (зам.) - издржи (гл.)

Со него била во Лондон на забавата за промоција на нивната светска турнеја и на таа забава се случила „несреќата“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нејзиното тело не можело да го издржи она што било внесено во него, бидејќи таа претходно воопшто не пиела ниту се дрогирала.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сето друго им беше туѓо, збунувачко, непријатно, непознато. Без оглед дали им се допаѓа или не.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја храбреше Белка да го издржи новиот напад на волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму, ви рековме, и фашизмот го издржавме со козите, а во социјализмот, како што велите, би требало да биде полесно...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да сум мислел на вечноста за времето на градењето, јас сепак сум бил ограничен само на своето време и затоа куќава одвај може и да го издржи дури и само моето време.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шаховските известувачи, во куси реченици, констатираа дека тој не може да ја постигне својата форма, почнува доста добро, но брзо се заморува, расипува и добиени позиции и нема сили да го издржи финишот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Танкиот врат на измачениот султанов војник не го издржа ни првото стегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде на страна, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот и така се направи еден долг ред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И нешто заради болеста, нешто заради гостите - храната мораа да ја засилат: сериозно почна да им се расклатува домашниот буџет, И летото, кога ја испратија мајката, тие мораа да се простат и со надежта за ново палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прво одлежаа децата, потоа жената и на крајот мајката. Павле јуначки го издржа, на нозе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седејќи лице в лице дуќанџиите лесно откриваа во неа темелна и решителна жена; никој не можеше да го издржи нејзиниот поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Нема таков човек што може да го издржи тоа, - повтори со друг глас што се исконтролира до шепот, но сепак од претпазливост се обѕре околу себе и не ги испушти реверите на Боге, кој стреснато гледаше во него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се врати на штицата за седење, извади цигара, не да ја витка туку да ја омекнува меѓу прстите, па се сети: - Еден средношколец, врска меѓу одредот и илегалата, падна во рацете на полицијата кога се враќал од планина в град, не го издржал тепањето во затвор и еден ден, поправо ноќ, не се вратил откај иследникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде настрана, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот, и така се направи еден долт ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се подзамисли малку, гледајќи си во искинатите чевли, дека тие не би можеле да го издржат поројниот дожд кој веќе се појави, со едно сигурно ветување: благодат за сите што се под него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Дадени ни е она што можеме да го издржиме и да го совладаме како страдање или болка, физичка или душевна сеедно., исто како дрвото што може да ја издржи тежината на своите плодови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја дале и првата жртва. Ризо Трјаков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По природа не сум храбар човек, не бев ниту храбро момче, ама филмот храбро го издржав.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
; да не го родиш ако главчето почнало да ѕирка; два дена да не ги миеш садовите, демек за домашните да се свестат; да не офнеш кога некој силно ќе те штипне; да не ти е мило кога некој те фали; да не тргнеш влакно од нечија храна; да не помислиш "у курац" кога ќе видиш некролог од дете. да го издржиш она што не можеш да го промениш и, за да преживееш, да го препознаеш она што можеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не можеше да го издржи тоа, што беше оној, кој требаше да падне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште од почетокот се гледаше дека тоа ќе биде уште еден митинг, кого тој мораше да го издржи и тука немаше што да се стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малиот еднаш не можеше да го издржи тоа и сега ја жртвуваше својата љубопитност, отскокнувајќи назад и пак припивајќи се до ѕидот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Докторе, јас често патувам и се плашам дека срцето нема да може да го издржи напорот“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нашиот народ многу ропства и несреќи издржал, вели, и треба и ова да го издржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Домаќинот и вториот удар на камшикот го издржа без да отстапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кажувај, реим ти е душата.“ Стана. Потоа: „Нема што да кажам. Старчево ја украло пушката.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Честопати на шега се натпреваруваше кој подолго ќе го издржи нејзиниот поглед без да трепне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со желба макар некако да се забави и да го заборави непријатниот впечаток, тој пошол на забава кај еден свој пријател, каде што нашол пристојно друштво и, што е најдобро – таму сите биле речиси од ист чин, така што ама баш ништо не му пречело.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оттогаш речиси секој ден му се јавувал пред очи бледиот Акакиј Акакиевич, кој не го издржал укорот на претпоставениот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа веќе другарката Оливера Срезоска не можеше да го издржи, и така нервите ѝ беа искинати, за никаде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој го виде тоа и не можеше да го издржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но наспроти тоа, една генерализација може да го издржи патот низ сите тие историски примери; имено, националистичкото движење израснува и народот станува мобилизиран како нација доколку од многукратните и безбројни заеднички обележја во секојдневниот живот создаде една смисла на некое нарочно единство и припадност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во својот јазик несвесно употребувала и некои албански зборови, не можела да го издржи потсмевот на своите напудрени сестри, облечени во долги фустани ала франга, и скршена се вратила во градот крај Езерото, да го дочека крајот на својот живот со новото семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За миг настана молк, тој миг траеше предолго, јас тоа не можев да го издржам, го спуштив погледот во талогот на филџанот со испиено кафе и слушнав низ скокотлив кикот: “…
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие се еден вид притисок што ти не можеш да го издржиш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, се разбира, најважно е, што си сторив јас самата: кога јас по нашите среќавања со него во паркот си претставував како ќе биде да живеам со него во брак, тогаш јас чувствував - не, тоа не ќе можам да го издржам: вечна напнатост, вечна наелектризираност... Но просто, испаднав идиотка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа веќе не можеше да го издржи тоа исчекување на качувањето на Хелвиг од долниот на горниот кат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сепак реши да ја посоветува: - Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неколкупати им се сретнаа погледите, ама тој не можеше да го издржи нејзиниот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како член на МЕНСА добила стипендија на престижниот универзитет Руџерс, но не можејќи да го издржи притисокот и амбициите на родителите, решава да избега од дома.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа љубов ја одржуваше моќта да го издржат заеднички страдањето кога беше во прашање иднината, среќата на нивните чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се сметаше дека тој не ќе може да го издржи општиот анестетик, така што беше одлучено да се направи обид со една процедура што беше забележана во Австралија: анестезија со пакување во мраз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хирургот нареди неговата лева нога, онаа што требаше да се ампутира, да се спакува во мраз една ноќ пред операцијата, а исто така, тогаш да му се даде и шише виски.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеби само Мурнау (Murnau) и Ејзенштајн (Eisenstein) би можеле, во ова поглавје, да го издржат споредувањето со него...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кое здравје тоа може да го издржи?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И мораше да има душа што ќе го издржи силното бреме, макар што срцето постојано попушташе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но јас сум сигурен дека сум способен да го издржам ова насилство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од авиони, пушки и митралези премногу бевме преплашени во нашето место за да можеме да го издржиме и тоа од филмот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зинуваш за полесно пукотот да го издржат ушите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Швајцарски е, личен преличен, а и водоотпорен е - да го издржи првиот удар на мојата жешка солза благодарница.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Да се зачува нешто вредно е природна реакција,но неможам повеќе да го издржам ова лудило во мојава глава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Излези од моиве мисли, избриши го секој твој здив од мојава кожа, исчезни од просторот на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во текот на денот и до полноќ, разретчената офицерска школа на ДАГ одби девет противнапади, но не го издржа десеттиот напад. Наредба: повлекување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, пак, за да се докажам дека можам да го издржам истото што и татко ми, смислено го изведов тоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)