Зар Мајка можеше да го извиши својот глас?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Потоа четворица мажи брзо го затрупуваат гробот и кога го извишуваат над земја со лопатите го плескаат одозгора и од страните, прават правоаголна копа од земја а врз неа сеедно и сеедно се сипа снег и завива веавицата и тажат ќерките и снаите стрико Анѓелови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Честопати пред да го извиши меланхоличниот глас, Татко се внесуваше во длабоката тишина на куќата, пластена со векови од непознати генерации луѓе кои живееле во неа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Во очај водачите на фракциите извршуваат крвави атентати врз невино население.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорот Марио Пико за времето на превратот на генералите во Аргентина го извиши својот силен глас на немирење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат настојува палестинското движењето да го извиши од пепелта. Но не без големи тешкотии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се најдоа и оркестри, на заслужени уметници, да ја стимулираат градбата, да го извишуваат моралот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој повторно го извиши гласот: - Судбината го донесе пред куќи Игора Лозински во која беа отворени книги за јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Е сине мој, треба еден цел век да се раскажува за таа турска мајка, за тоа чиниш сираче, силен извор на живот, кој го извиши татковото семејство...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Била свесна дека, ако не се прифати оваа вистина во животот, таа тешко би можела да го создаде, да го извиши, да го спаси своето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)