Едо беше толку убаво, мило и секогаш насмеано дете што тетките и девојките од комшиите не можеа да се воздржат да не му ја помилуваат косата, да не го прегрнуваат, да не го истегаат и да не го избацат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Танејца го прегрна Трајчета и го избаци.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Чичко Анѓеле се поздрави со командирот Планински, му пристапи на Трајчета, го прегрна, го избаци и му рече: - Благодарам, Трајче, ти ме спаси!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)