Од друга страна, сите сеирџии се насладуваат од убавото оро што го играше Петко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од самиот почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мажите го играа “Тешкото“, држејќи се здраво за раменици без насмевка, речиси намуртени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Трајанка знаеше да го игра животот, да играше согласно правилата на животот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Нашите сенки го играат ноќниот танц,“ ѝ реков. Ема молчеше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Е там... абе, ти чујал ли се за армасанте? - За што? Да не мислите за оној Асанте што го играше Одисеј?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бабарот оживува и сите го играат бабарското оро.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луис го играше најстариот член на бандата кој се грижеше за помладите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така како што е редот - бавно и со смирена почит - стишено фатија да извиваат зурлаџиите, а тапанот го крепи старечкиот чекор -бавно, бавно - ама со исправена става, со кренато чело, дури клука душата достоинствено го играат орото...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Еј, момичките си го играат првото моминско оро - си вели кавалџијата Ангеле.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Геј-врските веќе не беа „еднострани“, веќе немаше поделба на активни партнери што го играат бучот и пасивни партнери што го играат женчето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откоа видел царо зорт од ќерки си, напраил три јаболка позлаќени и свикал што е машко од градот да се зберат на едно место.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Другата вечер пак го играл коњот ќелешот и треќата вечер пак го играл.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Пијани ја славеа силата на мечот и прикажуваа дека се грутки сите кои го играат пајдушкото.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Всушност, од неа го научив орото „Елено моме“ да го играм.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)