Букетите цвеќе и икебаните украдени од циганчињата, лисјата оттргнати од дрвјата за да го згреат мермерот студен.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Да бидам сонце што ќе го згрее твоето тело..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А овој, цртежот, што влече накај тројка, на кој попусто цртам насмеани сонца и облаци што си одат, цветни полјанки, овошки зрели, сместен во ормарот на сеќавањата, никако да го згрее Северецот што бричи и да го претворат во врел Југо, што гали како чаршаф свиленкав.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го замислував како лежи на каучот изморен од бурните неколку дена и сега, кога му треба некој да го згрее и утеши, мене ме нема.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)