го (зам.) - зготви (гл.)

Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
МИТРЕ: Што му рече, станати сме?... Камо го? нека дојде да тргне од пагурчето пак нека оди да го зготви коњот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Да го зготви коњот, ќе оди да го однесе вујка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бабата рече: - Јас го зготвив ручекот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Добро тогаш. Ајде да видиме како ќе испадне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ти го зготви? - ме погледна прашално Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)