го (зам.) - зачува (гл.)

Поради тоа што го зачувал старото, овде нема многу прави, долги улици, туку улички, криви, со стара германска архитектура, без многу висококатници - тоа е град кој лежи на земјата и сега овде-онде се извишува и - дури во тоа прави рекорди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Питагорејското и Египетското братство правеа големи напори да го зачуваат нивното знаење тајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Правењето од знаењето нешто недостапно со тоа што ќе биде тешко разбирливо е една мотивација за компликуваната природа на Схоластичката мисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат повеќе историски примери на обиди теориите да се чуваат езотерични.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не беше способен да размислува, а чувствуваше дека е должен на некој начин да пронајде лек за својата загриженост, за својот страв, да пронајде начин да се одржи во оваа дивина, во оваа осаменост, да го зачува и добитокот и колибата, и се убедуваше дека постои некое решение, убеден беше дека постои. Само какво?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Зар не сакаш да си го зачуваш за себе, за твоите соништа?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби излезот е, додаваме, на некоја трета страна, која парадигматично ја сугерираше Адорно: „Осаменоста е единствен начин на кој интелектуалецот може да го зачува своето достоинство“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во една рака, тоа го зачувува процепот помеѓу аналитичката и континенталната традиција и сугерира дека емпиризмот или некоја негова англо-американска феминистичка верзија може да се спаси после сѐ ако му дадеме инфузија од Франција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Европските кабинети, коишто, евентуално, би се замешале ако борбата беше го зачувале карактерот на востание, какви што историјата познава, не можат да ја земат страната на динамитарите коишто системно уриваат“167.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едно нешто не го зачува српското име во Македонија; тоа е карањето помеѓу крал Марко150 и кнез Лазар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство на Балканскиот Полуостров беше историски период кога потчинетите мислат да го зачуваат нивното историско наследство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но вистина е дека и не сакаат да убиваат или да загинат за да го зачуваат тој сон.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа е грижа на џелатот да го зачува него од дивата сурија затесната меѓу ѕидовите и веригата војници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ прави Џемал-ага да си го зачува своето гнездо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пак човекот со сор оди по суви гранки за да го зачува огнот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оставаше впечаток како да се обидува да го зачува тоа што го зборува како тајна помеѓу себе и телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ја допуши по завршувањето на работата, ако успее да го зачува тутунот во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лена пак не можела да смогне веднаш да замине, туку уште некое време останала во Долнец, обидувајќи се да си ги собере мислите и да си го зачува животот цел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зашто со големи маки успеа да го зачува минувајќи со него разни земји и места во светот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Она што ќе го освои таа не може да го зачува.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа ги користи ’можностите’ и зависи од нив, оти е без основа каде што би можела да ги складира своите добивки, да изгради своја позиција, и да планира напади.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се обидував да најдам поширока смисла, на речиси светата тишина која ги поврзуваше моите родители, во времињата кога идеолозите го заробуваа боg, кога националистите најмногу се колнеа во него, во напорот да си го зачуваат јазикот на тишината во комуницирањето со него!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)