го (зам.) - засипе (гл.)

— Нѐ испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку нешто да проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бре, како си синко, бре кај си, каде беше, шо стори, шо направи? — го засипа Трајко Толета со прашања, но ниту на едно не доби одговор како што чекаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој го засипува со почести и злато.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, е! Се гледа оти ти севте идиш на работа овдеа —му одговори Ризо на Толета и го распраша од каде е, што е, има ли некој да го побара ако го засипе имната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Толе си го кажа името и прекорот — Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања, очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)