го (зам.) - засили (гл.)

Што се однесува до дизајнот, од таму произлегува дека тој го засилува дизајнот на контекстот или дизајнот на рамката, наместо неизоставно да биде дизајн на објектот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Матош истото го забележува за хрватската ситуација, каде што „секој воспитен систем само го засилува недостатокот од каква било иницијатива.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Слично на оптичката решетка низ којашто гледачот го гледа поголемиот дел од “Договорот на цртачот” (The Draughtsman’s Contract,1982), огледалото секогаш го засилува врамувањето на филмот; втората е неговата склоност кон колажната естетика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сакаше да го искорени ересот, а успеа само да го засили.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се растревожил, па наместо да го засили гласот, ја променил станицата и потоа не можел повторно да ја најде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сеќавањето на една слика, што ја видела во една ботаничка книга, како една змија маѓепсува верверица, ѝ го засили сомнежот дека тоа не е железна или глазирана порцеланска змија, туку вистинска змија што се обидува да ја употреби својата натприродна моќ врз неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Прави осаменоста да го засили својот вкус и мирис толку многу, за да стане неподнослива.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А тоа го засили и приказната што ми ја кажа сестра ми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но ќе осамне денот - го засилува гласот - Денот на нашата одмазда! Храбро ќе ги дигнеме нашите чела!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Излегуваше дека нејзината одлука да остане подолго во Долнец, го засилува фактот што нема некој силен мотив да брза со враќање дома, во градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би добиле можност, без оглед на сексуалната определба, да утврдат дали геј- културата има да им понуди нешто што би им вредело ним, дали им го засилува и збогатува погледот на светот, дали сакаат да учествуваат во неа и да ги усвојат како сопствени нејзините особени светоглед и ставови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На едната нишалка се нишаше дедо ми Баџак, а баба ми Лена, на која не се ни сеќавам, зашто умрела кога сум имал одвај три години, го туркаше одзади за да го засили нишањето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа го засили плачењето, а јас ликував во себе: - Така ти треба, да видиш ти како е кога те караат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ане од чучната положба се потпре врз тротоарот, го засили плачењето и лицето уште повеќе ѝ се искриви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)