Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа беше нешто слично како Кетиното тесто за леб, кое не нараснува ако таа му обрнува преголемо внимание откако ќе го замеси со квасецот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Знаеш кој ни го замеси тој горчлив леб? Англичаните!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Потем ќе го замесеше првиот дел од тестото, ќе го обликуваше во повеќе кори, кои успеваше да ги извие со вешти потези на рацете.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сето ова ми го замеси секретарот Фагорис.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)