го (зам.) - закачи (гл.)

Едниот ја добликува хумката врз гробот а другиот го закачува крстот со моето име и околу него реди неколку ефтини венчиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
, 112 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Лу ме турна напред и викна: „Од сите луѓе - Дрела!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(Дрела беше прекар што некој ми го закачи и ете тој остана многу подолго отколку што сакав.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Учителката вели: Кој од вас, златни учтиви момчиња би сакал да го земе капутот (на советничката) и да го закачи?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Целта на прашањата како што се:”Кој од вас, златни, учтиви момчиња би сакал да го земе капутот и да го закачи”?, е децата слепо да се турнат во апсурд и да се примораат да сфатат дека апсурдот е - постоење, да сфатат дека е подобро да постојат апсурдни отколку воопшто да не постојат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овие фотографии беа репродуцирани како илустрации за реклама во весникот, фалејќи го измислениот лик „Редуко“ и гледачите многу добро можеа да ја видат оваа реклама како и мене лично кога Вилијем Бендикс ќе го рашири стариот весник кој го закачивме на бродот. Таа улога беше голем успех.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Куршумите фрчеа околу него, но ниеден не го закачи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од каде ти се вие пари шо и арчиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жртви не паднаа ни од едната ни другата страна, освен Најдо со шејшането што го закачи Раифа Белоперевски во рамото кога ја отвори вратата, но и тоа беше плитко за да може нешто посериозно да предизвика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ни другиот, ни третиот ден, па ни цела недела Сиве не излезе со магарчето в планина, Мара веќе зовре од љубопитство и го закачи една вечер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Катето истрча пред Адема и го зеде неговиот ќурк од лисичка кожа та го закачи на колот под полицата, а Адем го зеде ќуркот од Јована и го закачи на другиот кол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крај еден од клучните Таткови сиџили, беше и неговиот Орден на социјалистичкиот труд, од последниот ред, кој, за волја на вистината, само еднаш го закачи на своите гради.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потоа стави во котлето вода до половина и го закачи на веригата од оџакот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа таа го зема палтото од Митко и вака превртено, со волната на надворешната страна го закачи на закачалката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најпосле го фати едниот крај од фустанот, го запрегна, го закачи во појасот и се наведна да пере...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чамецот веќе им го закачија со чакли и го влечеа кон пристаништето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Човекот со шапката го забриша лицето и уште посилно завесла кон брегот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- А на Први мај кој го закачи црвеното знаме на зградата? прашуваше некој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Па нека го пцуе. Што го закача?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Константин Анастазис го доби каменот. - Го закачи околу вратот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но наместо очекуваната струја на пена, конусот исфрли од себе тенко шушкање, што потсетуваше на прастарата мелодија „Колку е славен нашиот Господ во Сион“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Јасно, на пазар, - го потврди Остап своето претходно мислење и го закачи на старо место противпожарниот апарат, кој продолжи со пеењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Глигор му го закачи со рака ќостекот на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зел ќелешот еден најслаб коњ и отишол тој понапред, на патот нашол еден батак голем, та го закачил коњо и чекал да поминат баџанаците за да го видат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, бре баџанаци, елате да ми поможите за да го изваам коњот од калта - им рекол ќелешот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Да му го закачам на ваков живот, вели едно журчанче, преврзано преку очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој многу решително и неумоливо ги свитка коланите, го врза јажето за ловење и го закачи за седлото, ги врза кабаницата и капутот за задниот дел на седлото, а кожниот камшик го прицврсти за десниот зглоб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си дојде дома со најсреќно расположение на духот, го соблече шинелот и со внимание го закачи на ѕидот, откако му се израдува уште еднаш на сукното и на поставата, намерно ја извлече за споредба својата стара риза, што беше сосема излитена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исто како што доаѓањето на Сем Галовеј на некој ранч, камп или куќичка меѓу реките Фрио или Браве дел Норте предизвикуваше радост, така неговото заминување предизвикуваше тага и мака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич, откако го закачи сам својот шинел, влезе во собата и истовремено ги виде пред себе свеќите, чиновниците, лулињата, масичките за карти, и беглиот разговор што се креваше од сите страни, и шумот на столовите што се поместуваа, матно му го поразија слухот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако порано имаше даноци за пасишта, тревнина, десеток од свињи, десеток од пчели, па дури го имаше и оној што го закачи и него кога го одведе добичето на пасење желади, сега еве, би рекол да беше жив Бајко, сега еве, го има арачот, данокот за земја на немуслиманите, кој пак ги надминува сите поранешни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Малото писнува, сака да се преврти, но јатаганот го пробил и го закачил в земји. Co тие црни мисли како секоја мајка што мисли кога е оддалечено од чедото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ефендиите влегоа на „големата" врата, ведејќи ја секој главата да не го закачи горното черчеве.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднаш го закачи Илка: — Ами, кога ти веле јас, бре браче, оти треба трчање, та шо велеше, а?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Трајко им ги даде грибните на Стојовите девојчиња, a ја зеде на колено Нешка и и го закачи крстот на фустанчето на сред градниче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„А понекогаш нема никаква проклета брава што треба да се отклуча”, упорно тврдеше Џоен Полард, додека срцето се стегаше поради неговата болка, „туку тоа е само бесмислено клуче што критичарот го закачува на својата нараквица со амајлии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Слезе од возот, купи каранфил, си го закачи на реверот и се упати по главната улица кон паркот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Го премолчив она што го видов во него кога повторно го закачив. Повеќе не разговаравме за огледала.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не верувам да ти се жедни бригадирите ... – го закачаше весело и потаму тој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)