Причината за проблемот кој ми го загорчи и мене и на сите моето патување почна да се развива за време на конференцијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Домаќинките ја обожаваа Кристл, и разбира се караа - врнеа по онаа ороспија Алексис, која ете неколку години после разводот, повторно се појавува за да им го загорчи животот на Карингтонови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Доброто велат секогаш кратко трае по интуиција па токму кога помисли дека се решени сите негови проблеми, се случи ненадеен крах кој повторно го загорчи неговиот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Иако толку луѓе се возат со автобусите, со метрото или со локалните возови, кај патниците владее самодисциплина, сознание сами себе си да не си го загорчуваат животот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не сакаше да му го загорчува животот со спомените, во времето кога се доближувавме кон можната среќа во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)