го (зам.) - завлечка (гл.)

Глигор го завлечка Арса во оддалечениот агол, до разурнатиот оџак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еден од луѓето што го држеше младичот, го завлечка посилно и му свика: - Оди, оти ќе те врзам за коњов...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ќе го завлечка некаде во леите, зад грмушките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)