Со поглед упатен кон родната куќа во Поградец, која станала седиште на партиската власт, на брегот на Охридското Езеро, тој ја заборава сегашноста, за да се препушти да го завлече „егзалтирачката фуга на меморијата.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се доближи до касата и го завлече показалецот во дупчето на една од тие бројки вртејќи го кругот на бројчаникот од лево на десно.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Колешке, Александар го завлече е на крајот во ееее, по малку срамјеќи се од својата лоша имитација на нејзиниот и тон, којшто секогаш му звучеше без врска.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Да, но тој испрати под туѓо, нечие , чие и да било име. не го завлече, го стутка и последниот лист.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Непреодолива сила го грабна и го завлече под земја.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потпрени еден на друг, се слеале со грдата сенка на урнатината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Полека, како да си починува пред да го завлече ножот помеѓу кожата и месото на животното, Онисифор Мечкојад запцул куќа и ораница, колепка и гроб, снаа и балдаза, земја и небо, додека и оној со факелот в раце отстапувал назадечки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако не го завлечеше Сотирчо, тој уште ќе гледаше во нозете на Родна Караколева.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Меѓутоа не го завлече братчето натаму, туку вдолж вагоните, во турканицата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но пред да се доближат до телето, водата го завлече надолу.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)