го (зам.) - завладее (гл.)

Мислам дека на овој свет не ќе се најде друга која што би ми го завладеала срцево, како ти што ме го имаш завладеано.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)