го (зам.) - жегне (гл.)

Така беше дури не го жегна нешто еден ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А бе ние повеќе пати си пивнуваме, - прирече тој скромно. Тие зборови го жегнаа Коча.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак издемна еден ваков момент да го жегне малце, ако не може веќе друго.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ах, како го жегна в срце тој глас дедо Ивана!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Долгите нозе во свилени црни чорапи застанаа пред него, во полумракот на собата во која беше заборавил да запали светло.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Слабините го жегнаа кога вратата зад него тропна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога татковиот укор ќе го жегне, тоа негово лице се залева во нечиста црвенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се сврте Мехмед паша спрам ибн Пајко и нешто го жегна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги ослободил очите од тешките клепки начичкани со невидливи боцки на недоживеан замор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Две фиданки од еден корен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И пак нешто го стегна во градите, нешто тврдо и студено, стопоти, го жегна како болеж.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Врз танките сребрени конци блескаат бисери роса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие паднаа за патридата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А на коложег куршум го жегна Коле на Доневци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Митровскиот на Петковден седум деца од нашето село останаа на Аљавица, на Орле и на Полената по еден, на Бигла и на Бел Камек по двајца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да сакаше да каже нешто со тоа, како да беше тоа нема порака што ѝ го жегна срцето на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На одење орлите на долна земја му дале на ќелешо по едно перо за кога да има некоја нужда да го жегни перото на едно жарче од кој орел сака и ќе му дојде на помош.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ние, момче, ојме да бараме млеко од вил за очобол - му рекле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно заминале до некаде и ќелешот го жегнал влакното од коњо со крилјата и веднаш беше му втасал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога се обиде да стане од креветот, почувствува како нешто да го жегна во ципата, а кога се исправи, болката како по жица сурна дури до коленото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нешто наеднаш го жегна, го прободе и го одзеде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)