Последното, што го чу, беше еден страшно наближен писок, веднаш крај него, но ни него тој не успеа да го дослуша докрај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сите имаат нешто да кажат или да прашаат и никој никого не стигнува да го дослуша“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Татко беше нестрплив да го дослуша Игора Лозински до крај и најпосле да му го открие стравувањето за прекинот на патот на јагулите, до што според него морало да дојде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)