го (зам.) - допие (гл.)

Попот не можеше да го допие кафето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фајронт е во кафеаната крај езерото. На масата во ќошот пет средовечни жени си го допиваат виното, си ги допеваат песните и ја гризнуваат здодевноста на најнезгодното место.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Си го допи пивото, побавно од порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако ова му беше прво кафе по долго време почувствува дека му преседна но, сепак успеа да го допие до крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали поради искуството или од задоволство поради тоа што бргу му се олесни, детето почна да се смешка и потоа неговите дебели рачиња посегнаа по чашата со вино, барајќи да го испие виното што не успеа да го допие поради сркнувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го завршив раскажувањето, го дојадов „Како Тони тостот“, го допив млекото и прејадено издивнав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А кога однадвор се слушна познатото свиркање, договорниот сигнал уште од времето кога низ два прста во устата се учеа да испуштаат звуци имитирајќи птици, Ване ја грабна раницата и пред да го допие чајот побрза да излезе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Исмет го допи чајот. Ја помести чашата и го впери погледот во нас. Долго и замислено нѐ гледа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека вака размислував, го допија кафето и мама ги крена филџаните.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веќе немаше ништо што можеше да ги расколеба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа уште двапати ги кренаа чашите и го допија виното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)