го (зам.) - доварди (гл.)

Нејзините ѝ пишуваа од Цариград. Ѝ испраќаа по некоја книга, но таа немаше време да чита и да си го доварди мајчиниот турски јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку и да варди­ме никогаш не ќе можеме да го довардиме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште една непроспана ноќ, прошепоти Мајка настојувајќи да му го доварди сонот што му преостануваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)