Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)