И од ним - самовилите една по една идеа - од гроб до гроб го дигаа јунак до јунак - на оро.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Аце се онесвестува. Благоја го дига в раце.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Насмеан, зад пултот го дигаше палецот во нејзин правец кога ќе го погледнеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А противникот, затегнат како Боки 13 во мидер за да не му се влечат по земја оние што никогаш ги немал, го дига оружјето свое... и гледам дека е лажно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
АРСО: Е, коџабаши, не можеш на атот — па удри на самарот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А вие сте се истегнале па дури до чорбаџи Теодос. Море, ќе ве испружам на земја па секому пет по дваесет и пет! (Го дига бастумот.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Во истото време двајца Арнаути го дигаат Илија и го изнесуваат, а останатите ги навртуваат пушките да стрелаат по Ристаќија, но ги спречува излегувањето на Антица и за тоа пукаат нагоре)..
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Се ведне и го дига изнаказениот Тони и полека, отфрлајќи се со подолгата нга, чекори по влажниот тротоар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Го фаќа кловнот за јаката од старомодниот, изледен огртач и скоро го дига од земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)