го (зам.) - движи (гл.)

Кај славниот фотограф, Антон Корбијн, дејствието во неговиот најнов филм „Контрола“ го движи вокалистот на „Џој Дивижн“, Ијан Кертис, момчето кое самото си го прекрати и онака краткиот живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со целиот циклус на митовите сврзани со Црвената глава, истиот тој Црвената глава се наоѓа во неутрална положба во однос кон останатите ликови на митот: тој не е магичен помошник, не го движи дејствието, далеку е да биде од главните протагонисти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„А, тоа е MacGuffin.” „А што е тоа MacGuffin?“ „Направа за бркање лавови во Шкотските висорамнини.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Би можеле да речеме дека Дописникот од странство на некој начин го навестува филмот Озлогласена: во двата случаи либидиналната „вистина” на филмот е неразрешената напнатост во интерсубјективниот триаголник меѓу јунакот, неговата девојка и остарениот, немоќен и „виновен” татковски лик (колаборантскиот татко во Дописникот, остарениот Claude Rains, пронацистички богаташ во Озлогласена); во двата случаи случувањето го движи некаков изговор, што е самиот сосема безначаен, од каква и да е природа - не е важна природата на таа „тајна”, важно е само тоа дека од клучно значење за субјектите е што ја носи нивната желба, дека околу тоа се структурира случувањето (тајната клаузула на меѓународната спогодба во Дописникот, шишето со уранова руда во Озлогласена). okno.mk | Margina #22 [1995] 153
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Душата не зависи од телото, тоа не ја движи, па по умирањето негово, не умира и таа; таа го движи телото, се движи себе си, па спрема тоа, несомнено, по смртта на телото, си го продолжува своето движење, својот живот. А душата на животните тоа не може.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Иван, кој знае зошто, започнува бргу да го движи држалото на ковачкиот мев, со којшто се праќа воздух во каналот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаев што станува со телото, но, ако нема господ, кај оди душата што го движеше него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Авантуризмот го движеше во погрешна насока, додуша, сѐ уште има такви кои мислат дека голтањето туба со темперна боја за да се прибере аплауз од публиката е херојство и невидена храброст.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
глувчешки гомца - точки што остануваат на екранот; кога го движиме глувчето, зад курсорот останува трага кадешто бил претходно
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чекорите му биле нерамномерни додека чудно одмавнувал со нозете во лесни опинци повремено обидувајќи се со слаби скокови да биде што подалеку од тој пекол на бучава, ѕвечење на јатагани и ножови и секакви пцуења или офкања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што донекаде е точно бидејќи никогаш не е со двете наеднаш, а наизменичноста го движи светот од Тесла наваму.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
-Кој го движи умот? – праша Еразмо, за секој случај, иако веќе почна да разбира по нешто.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Напротив, заситеноста е таа што го движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Вкусот е самиот живот; промената во вкусот го движи човекот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Светиот дух, кој го поврзува и го движи тркалото за да се создаде животот – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)