го (зам.) - гушка (гл.)

Сите цврсто го гушкавме.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се присети кога сокриена во плевната го гушкаше јаренцето бришејќи ги своите и неговите солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го гушкаше и татка си и го прашуваше: „Нели сум твој, тате?“ „Мој си, синко“. Му велеше тој.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога ќе го најдеа, бликаа од радост и го гушкаа, му се качуваа на рамењата и тој ги носеше како некој џин, како пастув.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Татко, татенце, - свикав и со плачење се фрлив на него, го гушкав, ми се чинеше за последен пат вака слободно, само мој...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Колку пати ѝ доаѓала желба да појде кај нив дома, да го земе в раце детето, да го гушка, но, не верувала дека би можела да ја разбере таа, другата жена, и не го сторувала тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога го видов празниот кревет почувствував неподнослива болка во душата, пак почнав да плачам и да го гушкам креветот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Станавме; тој ме фати за рака; но одеднаш, се случи нешто чудно: мене рацете сами ми тргнаа кон неговото лице, и веќе во следниот миг јас го гушкав и го прегрнував.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го тапкаа по рамо насмеани момчаци, го гушкаа и не му бараа, како другипати кога го мајтапеа, да пушта чад од ушите...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дома го пречекува мајка му и долго, нежно и меко го гушка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Разнежено го гушка детето, му ја гали главичката и полека го спушта на земјата до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во мигови на очај одеше и го гушкаше. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден ден учителот влета радосно кај Висара и почна да го гушка: „Готово е, спасен си, Зенула го отепале...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се гушкавме, го гушкавме и козлето, а тоа радосно замека.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мил на баба! Мил... Мил...го гушкаше баба Мирјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
О, колку се крекавме, колку се крекавме. Се валкавме по снегот и го гушкавме. Богами го гушкавме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стрчаа сите кон него и почнаа радосно да го гушкаат, среќни што го гледаат жив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го држевме сите за раце. Го гушкавме како наш спасител, од нешто што и самите не можевме да одредиме што е.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И зошто одненадеж, паф, се измазнува ко песја муцка ко опашката на Макс мачорот, душичка (врати ми го, те молам!); „Простете, не беше намерно“, вели езерото ми ги краде зборовите небаре расипало скапоцен предмет а јас, како ништо да не било скокам во него пливам, и нуркам, и го гушкам и повторно го сакам, свежо (макар што јас не знам што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)