го (зам.) - гуши (гл.)

Повторно, без да сака, му се јави истото она чувство на губење воздух. Градот го гушеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со заби го гушев липањето на твоите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои родители свесно го гушат ликовниот порив кај своите чеда плашејќи се од несигурната иднина на уметничката професија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
КЛАУС: Значи ли тоа дека вашето незадоволство го гушите споредувајќи го со нечие туѓо и поголемо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)