го (зам.) - граба (гл.)

Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше моменти кога фактот дека неминовно ги чека смрт изгледаше исто толку опиплив, колку што беше и креветот на кој лежеа и тогаш ќе се стиснеа еден до друг со очајничка сензуалност, како што осуден грешник го граба своето последно парче задоволство кога часовникот покажува пет минути до извршувањето на пресудата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тешко сомневање го граба и го мачи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навистина не било време на сенокос и далеку било летното созревање на пченките, во брзањето кон нејасните далечини да ги оберуваат туѓите клавчиња и да ги џвакаат млечните зрна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само еден со стапки кришум сторени ко крадец некој го граба моето бреме, и ги разголува, ги корне моите корени, па јас се чувствувам дека сум живот и време.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
На една група луѓе туѓиот натрапник им го граба највредното со што таа располага - предметот на најголемото уживање и воедно залогот на репродуктивната способност на групата, и двете претставени во девицата чиешто грабање групата немоќно го набљудува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)