Денес пак станува повеќе збор за чудовишните варијанти на идентитетот, оној на изофренот, без сенка, без трансцеденталност, без друго, без слика, идентитетот на автистот, кој како да си го раскинал двојникот и си го голтнал братот близнак (напротив, „близнакувањето“ е некој вид на автизам за двајца).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, ако и читателот во пајак се престори, ако заплете и тој ситни нишки во мрежата, ако му ги смеша конците на создателот, тогаш пајакот од средето не ќе може да го голтне, оти ќе залута, оти не ќе може да ги разликува своите од туѓите нишки; и ќе умре од глад, а читателот ќе преживее.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од првиот ден, кога влеговме во училиштето, од првиот клас, ѝ ставив до знаење дека ја сакам. Ѝ напишав песна; таа ја доби (на часот по биологија), ја прочита, се вцрви и потем го стутка листот и ми се чинеше дека сака да го сокрие, да го голтне, да го снема.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Наместо огнот да го голтне дрвото, дрвото го проголта огнот и остана на сред клада, како со вода, а не со оган да сме го дарувале.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Си го голтна зборот Повереникот и исчезна, ко што и дојде, како ветрушка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Молчев зашто сетив оти игуменот ја забележа мојата отсутност и моето повторно враќање, но само подзамижа и го голтна виденото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Писокот бегал, станувал недостижен, зборовите биле потешки да му се придружат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се наведнал и не можел да го голтне отровот на јадот што му се собирал лепливо и чемерно околу катниците. Молчел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник ја познал во темницата ситната птичја глава на Јаковата вдовица: да ја каже ли вистината и да го признае ли тогашното свое бессилие да го забрани бесењето?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Црна земјо штура земјо зошто си се отворила како ламја си зинала Кого земјо ти се готвиш да го лапнеш да го голтнеш?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Скаменетиот поглед чиниш посака да го голтне целиот текст на писмото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Очите на Ѓорѓе едноставно го голтнаа сјајот на зелениот сафир од погледот на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Почека со прашањето за да го голтне залакот што веќе го џвакаше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако не го голтна земјата, сигурно го кријат дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како врв на сè, бараат тоа што го јадат да им се изџвака и само да го голтнат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сонот го голтнав изгладнето.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дали дајрето пак се затресе? Дали зурлите и тапаните си го голтнаа здивот, та зацари таква тишина?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Да не би да го голтнат далечините - гладни глутници!?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А кога си отиде докторот, му рече на Мил: - Вистина ли е, синко, дека жена ти голтнала змивче? - Не, татко, не го голтнала...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Проклета! - сакаше да ѝ свика, но ги стисна усните и го голтна зборот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога Чана како предводник поминува крај нив го пушта својот глас Ајде црни Дине, ајде Рисо, Трондо, грабајте и по нас! и уште нешто проломотува ама тоа не го дослушуваат, го голтнува вревата и дождот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Само што се извлече од веленцето и тргна на кај вратата внимавајќи да не му стапни на мевот некому, кога онде, кај столбовите, каде што гореше огнот, се исправи и Геле Колишев и брзо стигна до сивата дупка на влезот која како веднаш да го голтнува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Гневот што му се беше стркалал до забите сети како го голтнува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
СПИРО: Та, не си го, безбели, да простиш, чорбаџи Томче, не си го голтнал наместо локум.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Тоа ти е сеедно: да не си го заборавил елекот, би го зел и саатот, а да си се сетил да го земеш саатот, би го зел и елекот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Докторе, докторе”, му велеа луѓето, „гледај ти од државата да добиеме отштета за добитокот што ни го голтна војната, а не држи предавање како треба да се јава крава...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Покрај фотелјите и каучот забележав и уредно здиплени чергичиња и се подзачудив за што би можеле да служат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дора го пикна целото парче пилешка салама во уста и уште неизџвакано го голтна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На крајот попушти, откако ставив уште едно парче свинско во устата и со сила го голтнав.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со ужас сфатив дека не можам само да го голтнам месото, туку ќе мора и да го исчистам пред повторно да го ставам во уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дино само набрзина го голтна последниот залак од ручекот и тромаво се стрча накај кујната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа набрзинка исече друго парче и уште пред да го голтне претходното, го пикна и ова во уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кристина се штрекна. И изразот на лицето на братучед ми се измени.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Лелеее... - залелека плач мајчин и се стресе колоната што прудолу змиулесто се спушта и плачот го презеде планината, го голтна трапот, го однесе далнината...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По мене дојде и баба и налутено проколна: - У да не фтаса дома да оди и чрното да го голтне!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во грлото му имаше застанато нешто што не можеше ниту да го голтне ниту да го искашла и да го плукне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— А таму нема со што да го залажеш касајот, велам, да можеш да го голтнеш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Туку ќе му се смалат очите, ќе застенка и ќе падне, ќе си го голтне јазикот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)