- Ве почешува ли учителот со стапот по рацете? - Кој не учи... се знае, а кој учи - не го гиба...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Никој веќе не го гиба и каменот на кој квечерина клекнуваше да се моли па долго низ ноќта небото црвенееше од неговиот глас.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тој не го гиба девојчето туку скока на бабата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, пази добро, горилата е сексуално загрозен но не и манијак.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во книгата се открива еден телефонски разговор меѓу Џорџ Буш и Ариел Шарон од 14 јули 2004 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се затскривме во живата ограда и демневме. Си ги одбиравме жртвите.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Оној АУДИ е мој“ рече Љупчо, „никој да не го гиба!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На многу ситни работи не обраќа внимание, не го гибаш - и тој тебе не те гиба.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Никој не помислуваше да го гиба.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Уште повеќе нему: дедо Геро му вети дека ќе го смири со децата и тоа така тие да признаат оти претерале што го гибале толку многу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но ако послушаа за тоа да не го гибаат Мартина, тие сепак мирни не останаа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)