го (зам.) - вреже (гл.)

Со прочитот на буквите во кои го врежав својот дух, самиот ќе бидеш благословен букви да создаваш и во нив да се престоруваш“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Утредента, на стеблото од оревот што вишееше во нивата, со моето овчарско ноже го врежав името РОГУШ.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Везирот долго седеше над таа молба со раширени раце, притискајќи го со едната дланка натписот во стихови, а со другата сметките на градителот и нацртот на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слушнал, вели, за мостот што везирот го подигнал во Босна и се надева дека и на неа, како и на секоја јавна градба, ќе го вреже натписот за да се знае кога е изградена и кој ја изградил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Тука нешто пишува. Некој со ноже си го врежал името! - рече Горан Стојчевски, кој седи заедно со Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)