Растот на оваа 97 сфера за Арент означува пропаст на јавниот простор на политиката и негово дегенерирање во „псевдопростор на интеракција, во којшто поединците веќе не ’делуваат’ туку само ’се однесуваат’ како економски производители, потрошувачи, и урбани жители“.115 Меѓутоа, мора да се напомне дека Арентовиот приказ на агонистичкиот политички простор на грчкиот polis е крајно идеализиран, исто како и Хабермасовиот профил на буржоаската јавна сфера.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
На оваа возраст Милан умееше да го вреднува времето, она што беше му преостанало.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Повеќето сè уште мислат во категориите на напредокот и на просветителството: луѓето сè уште го доживуваат, го спознаваат и го вреднуваат светот како некоја низа на причини и последици, којашто се трудат да ја прекинат, за да се ослободат од нужноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Агонистичкиот политички простор на полисот што Арент толку високо го вреднува бил овозможен само преку исклучување на големи групи од грчкото општество – меѓу кои жените, децата, робовите, надничарите, резидентните не-граѓани, и сите не-Грци - иако токму нивниот труд бил тој што им овозможил на грчките мажи да го посветат своето време на заедничкиот интерес за политичко здружување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Има кој да ме сфати. Оние што се доволно паметни, знаат да го вреднуваат квалитетот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)