Така дишеше, со целото тело, што се чинеше како во себе да го впива целиот воздух.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ноќе Матвеј повеќе пати се придигнуваше, и онака гол, седеше на креветот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Козарот веднаш го впиваше татковиот спокој, сигурно добиен од вечното читање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Елеазар бен Цви ги шири ноздрите и речиси го впива мирисот на сѐ уште свежата кедровина што се шири во Храмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Жените, децата и старите, тие што не можеа да одат на печалба, стоеја наоколу како скаменети, без да прозборат збор и секој гледаше, го впиваше погледот во својот скап човек, кој, по малку време, ќе ги остави, можеби, засекогаш!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И сега ги шета влечките кон балконската врата, со тихи зборови спори за своите измами додека килимот го впива шепотењето на истрошените чекори.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но можеш многу да пиеш ако јадеш додека пиеш. Храната го впива алкохолот и така не удира во главата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
ИВАН: (Пали цигара. Го впива чадот нервозно и со кратки повлекувања.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Секогаш онаа под прашалникот, де на мрзнење, де на вриење, од која нема враќање, А pointless point - Јас сум само точка која го впива околниот простор.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Широко отворените очи на Рада го впиваа секој детал на малото човече.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го забележа Јана и мигот кога со широко отворени ноздри го впива мирисот од рожбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека шетаа по брегот, Томо со отворени гради го впиваше чистиот воздух во кој се чувствуваше мирисот на брезите, дабот и зелените борови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во апсолутната тишина, Виктор го впиваше секој слог.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Некогаш, додека течеше повоената обнова, па и потоа, со полни гарди го впиваше здивот на земјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Али Фети во мигот замолкна. Татко го впиваше секој збор, на моменти сакаше со нешто да се надоврзе, да го праша својот вујко, но не се осмелуваше во ниеден миг да го прекине.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јазол ли е тоа таму, во маглата сива, густа , непробивна, се голта пустата и јазолот го впива.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Го слуша насмевната, го впива секој негов збор.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Само ти, моја душичке, сето тоа го впиваше во себе и ништо не те чудеше.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушам – низ ноќта прелета плач. Го впивам осамениот врисок.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Но краците на она внатре , на медузестото мноштво го опфаќаат, го впиваат, го враќаат внатре во безобличието.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тука, крај нив, се и трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин, зркнати во нивните очи и усти и чиниш секој лаф го впиваат во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)