Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А овој, зелениот, со широка јака и го вети на Софка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа на времето не им било тешко да го ветат, зашто уште не биле готови.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Токму тогаш, кога имал пари, на Орце му го ветил и му го испратил споменатиот динамит од 1.000 кг.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Макс ѝ го ветуваше на Добрата Душичка она што тој самиот некогаш посакувал животот да му го вети нему, ѝ ветуваше сосема обични нешта, нешта кои луѓето не си ги ветуваат затоа што тие се подразбираат во постоењето та за нив нема потреба од посакување, нема предуслов за копнеж, затоа што копнежот може да се роди само кон она што е тешко остварливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Му верував кога ќе речеше дека мрази да војува; дека никој не е во состојба да го испрати на некое боиште па дури и да му го ветат притоа патот кон Рајот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа пролет замина во Ќеримидницата на Спиро Михаилов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Требало да монтира машина што ќе ја движи пресата и другите делови на фабриката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тогаш помајка ми ѝ го вети велејќи: Сакала или не твој ќе биде Стеве.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мене помајка ми чеизот ми го вети и јас многу не се грижев за тоа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ја запомнив по чувството во кое ја сретив,
блиска како љубовта во тебе што ми згина
не ја допрев, а во мене се сви и ми го вети
на небото звукот, кога тоа умре, а не мина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)