го (зам.) - вади (гл.)

Без да имаат струја и вода во домовите, без да се плашат од тежината на работата: со голи раце да го вадат лебод од земјата, низ стотици векови војни, војни и само војни, верно да го чуваат Светото македонско, верно да му служат на Бога чувствувајки го со срцето поклонувајки му се, со сета нивна покорност и послушност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го вадам светкавиот, метален предмет од ногавицата и гледам дека тоа е memory stick, ама со скинато синџирче.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што му направија за сите девет месеци интернација...?  И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Чукнат ли си! Зар мораш да го вадиш?!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Море какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ипак, жалам шо ја нема веќе баба Ванѓа меѓу живите па да можам да тркнам до суседна Бугарија и да ми дае 100 процентна судбинска анализа и у кој период да го вадам следниот албум.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Излага у кафич и наместо да комуницира со луѓе, го вади лаптопот на маса, иде на работа и дреме на нет, излага да прошета у природа, а паметот му е на фејсбук топиците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас го вадам „скакулецот“ и отсекувам едно големо парче од газот, таа дигна врева, како божем за тоа сум ѝ дал малку пари, а јас ѝ го растурам мозокот. Тогаш ја фукам од чисто зезање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Арапските бунтовници врискаат и рикаат, на луѓето им ги сечат мудата, им го вадат дробот, ги прскаат со бензин и ги палат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Би можеле засекогаш да ги затвориме носот и устата, да го наполниме стомакот и среде гради да избушиме една дупка за воздух, кадешто, впрочем и е местото...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го вади марамчето, го допира до устата. Гледа: крв...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шумарот, јадејќи за двајца, со двата надуени образи, често го вадеше марамчето од џебот, си ја бришеше потта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се чудеа и ги жалеа отроците: зарем тие, такви, слабодушни суштества, дошле да си го вадат поминокот работејќи на полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
САЗДО: (Ослушнува внимателно и го вади џебниот часовник) Еве го патничкиот, точно навреме!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сане со ракав го брише замаглениот прозорец и го залепува носот на стаклото.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Поради незнаење, го вадат на површина сопственото чувство, самосожалувањето, што е всушност нивни голем непријател, бидејќи е доказ за пораз пред нив самите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За таквата неодговорност, пред се, кон државата која колку-толку им овозможила некаква едукација и им ја субвенционира програмата за работа врз основа на што си го вадат лепчето, треба да бидат санкционирани.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иван посега во пазувата и го вади револверот. Зазема позиција на одбрана кон вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Престанува со отпашувањето на ремникот, го вади револверот и му го дава на Луков.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Трга кон претсобјето. Како и првиот пат тој го вади, го полни својот револвер. Истото го прави и Иван.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го вади револверот и брзо застанува близу до надворешната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Те предупредувам да го оставиш, инаку... (Го вади револверот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ах, еве ги и другите кај се разбудуваат. (Го вади часовникот и гледа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Станува. Го вади пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го вади револверот и го полни. Но уште не довршил, се предомислува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Оди до местото каде што го скри отпиеното шише, го вади и на неговото место скрива ново, полно, а со отпиеното се враќа кон масата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не, не, сепак раѓањето е поедноставна работа. Детето излегува, или на сила го вадат. Се јадат мекици. И тоа е тоа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И од трета куќа уште „бакин прашак“ се позајмуваш и, ако имаш рерна и струја го печеш, па со крпа покриен, го вадиш на пенџере да се лади и да замириса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На здравје, вели Григор и го вади јајцето од устата на Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и зашто? Самата полиција ќе речеше дека бесправно сум се понел спрема една девојка што е регистрирана и која има право да го вади својот леб токму така како што го вади. И мојот леб, месје.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Го вади ќесето и го чука). Тропа ли ова- млад си. А на Никола му тропа!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Џигерите, златното срце да му го вадиш, милите очи, кожинката да му ја дереш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некому морал да му го вади душникот (млад човек, богати, роса), - немало друго чаре, во душникот му влегла круша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од себе сѐ уште не го вадев фустанот и не се пресоблекував за дефинитивен сон.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа, тој влегуваше во малата куќичка од штици веднаш до трансформаторот (јас еден ден бев таму и видов како изгледа тоа), се погледнуваше во огледалцето обесено на ѕидот, а потоа го вадеше шишето со ракија и го ставаше на малото тезге довлечкано од кај браната додека таму се градело. Тоа сега служеше како масичка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нивните амбари се полни со ланско и поланско брашно. Кога го тураат — со кросно го набиваат, а кога го вадат — со мотиче го копаат. Тоа се вели домаќинлак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Милан куменџијата на свој начин си го вади лебот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ништо друго, ќе го води аргатин со себе во Ќесендра и по прилепско битолските полиња, и како да е, тие двајцата белким ќе го вадат лебот и за старата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиромав Јонче од селото Конче засади в собче индиско конопче везден го вади со вода од лонче за година израсна големо снопче
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
КОСТАДИН: (Со левата рака ја прегрнува Симка, со десната го вади пиштолот).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Пилето го вадеше од супата со изматените јајца, потоа парчињата месо или, во друга варијанта, исечканото месо, го редеше врз поголемата кора во тепсијата, а врз неа, со сукалото, ги положуваше горните кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од џебот го вади ножето. Го остава крај оградата. Се фрла во океанот. Пауза.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Потоа се беше миг: Србин почна да доаѓа на себе што станало кога сите се собраа подолу да го вадат војникот што стеблото го поплати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Моето не е бричење. Моето е уметност.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
БЕРБЕРОТ: Го вади од чантата својот брич. Го остри.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во секој ред ѕидарот клавал по еден, по два. А кога ќе го главел белутракот го вадел секалото и пробувал дали каменот фрла искри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Фати се еднаш во костец и со зборовите, не туку само превртуваш со јазикот и го вадиш ременот“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Акварел Земаш вода, боја, четка ризик, многу ризик плус страст, вишок страст отаде доброто и злото еден нескротлив гест и зафаќаш со еден потег цел несогледлив амбис окно под свеста, под себеси го повлекуваш пругоре вовреното црево го вадиш од дното на сликата без право на дополнителен влог без шанса за поправен испит или прошка и го овоплотуваш змејот прекрасното чудовиште заумната фигура!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бидејќи мајка ѝ запре да и дава пари, цигари позајмуваше од Ирина, а кога немаше и таа, тогаш собираше догорчиња по тротоарите, го вадеше тутунот од нив и виткаше цигари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Спискале тие и стрчале да го вадат од водата, да го спасуваат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СПИРО: Еве, чорбаџи. Доста?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: (Го вади од џебот саатот и го клава на уво.) Не работи. Не сум го... (Го навива.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Го вади кадифето од џеб и му ги брише чевлите.) Еве, чорбаџи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Ова ти е: удрила чума во сатовите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зар ова не е ваше, вели и ја отвора фиоката, го вади писмото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го вадам прстенот, шуркам по џебовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крлеж. Многупати и од сонот не го вадам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По манирите или по џебот, според тоа како го вадат лебот?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Го бришеме мечот или го вадиме штитот. Четири усни пушат една цигара.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Никој жив Хуареза не го скорнува, од бунарот на соништата ни сто кофи не го вадат, и тој, како и Пурам од Бомбај, сонува дека е на спанковска олимпијада.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
БОРИС: Кажи му на Тарзанов да го вади пасошот, не разбира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И доаѓа некој и го вади црвот. И боли, боли, како заб да ти вади.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А валканите работи, остави му ги на Борис. Нека го вади Матеј одовде.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа ви е фала што сте ме чувале како татко, црното од под ноктите сте го ваделе, сте се треселе над мене кога сум имал температура, сте ми го држеле челото кога сум повраќал, сте ми укажале да не се плашам од првата менструација, јас вам така, јас сум гомно едно, пичка ми мајчина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Димитрија му пушта пат. Сивиќ елегува. Го вади пликот. Го остава на маса.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Понекогаш го вадам твојот автоматски пиштол од мојата торба и преоѓам со палецот по мазниот, евтин хром.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние бевме над куќата, а чичко ми одобри: Оди Милка, јас ќе се поткачам на овие камења и ќе ти дадам знак.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вчас се најдов долу и ги здогледав селаните како се собрале па го вадат лебот и го редат на даските.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сомнително вртев со главата. Не бев сигурна дали е тоа што го зборува вистина, или само една од неговите многубројни измислици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се наведнеш и го вадиш без никој да те забележи и тешко си му на тој што е пред тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единствено нешто што го вадеше беше неговиот шарм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)