го (зам.) - бере (гл.)

— Мори, златна нунке, златна! Греот да ти го берат и тебе, и мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас не те давам пред деветнајсет, ама ако си го бериш умот да не ми донесиш некоа беља и страм на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
До него ќе идат наредбите од горе и тој ќе си го бере гајлето за сѐ шо ќе се наредуа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Како ќе живеат'“ ќе живеат како досега, шо има ние да му го бериме гајлето? — му се врекна Митра и уште повеќе се прицна до него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Напастрми пет шест чукани брави, една две јалови крави и го прати Трајка Кулиќев со семејството во Горно Радобил да го бере лозјето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така е — потврди Толе и праша: Кого велите вие да го кладиме? Целиот куп се расшепоти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Соколе решува да побрза со грозјебрањето, веќе сме кај Богоројца, скубнува негоде-годе по некое зрнце - зрело е, слачно, би можело уште малку да дрочи, Но што вреди кога арамии го берат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
БОЖИН: Секоја сила со време! (Работниците ја посвршуваат работата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Како некоја полза да имам од него, па уште и стравот да му го берам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Не туку се лигави – ѝ се вдаде тетка Ане – требаше тоа сношти да го мислиш кога ѝ дозволи на Бреза да ја носи Дена на ноќна прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ОЧЕКУВАНА ПРОМЕНА - Ех, девојчиња, мали мили девојчиња, колку нè исплашивте ноќеска – умилно нè прекоруваше тетка ми Оце утредента додека, седнати крај масата во ливадата пред нашата куќа, појадувавме пржени лепчиња и чај од „мајчина душичка” што мајка ми го бере секое лето во околината. – Сешто можеше да ви се случи, свесни ли сте или не?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пред Митровден го берев босилекот, китка врзував - босилекот и сув мириса - таговно мириса...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Им подвикна на другарите да го напуштат пазариштето и заедно да си одат, да си го берат стравот по Слива и Писокал.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Туку го гледате со часови како вечна стража го заобиколува домот, нигде место не го бере.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Татко ти гревот да ти го бере - продолжи вториот - што те пуштил тебе да одиш на пазар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А му го береше уште од вчера кога чу за Мирчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше тешка задача да ја држи куќата во ред, да им го бере гајлето на двете оставени дечиња, навреме да јадат и редовно да одат на училиште.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како сега се сеќава на мигот кога првпат го виде; живееше во една куќа на главната улица во која таа често наминуваше. Како вчера да беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)