го (зам.) - артикулира (гл.)

Несогласувањето го артикулираат преку синтагмата „затнати носеви“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Американските реклами го артикулираат и истовремено го опслужуваат секој дел од телото посебно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во насловот е концептот. Насловот го поетизира и уметнички го артикулира актот кој најчесто е резултат на една дисперзирана естетика и еклектична филозофија полна со контрадикторности.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
4. Противречната позиција на исклучениот и непризнаен патриот е извор на сите тешкотии што македонската либерално-национална интелигенција ги проживува во сопствените обиди да го артикулира она што би требало да биде македонска национално-либерална концепција за културата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никој од нив отворено не го поставува прашањето за недостапните книги, ниту на било кој начин јавно го артикулира проблемот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Само тие жени беа доволно храбри искуството на својата лична човечка слабост да го артикулираат во кохерентна приказна за себе и за своето време, која стана неизоставен дел од колективното искуство на целото чилеанско општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неспособноста на тие млади луѓе како студенти јавно да го артикулираат проблемот што го имаат со својот професор е израз на нивната немоќ како општествени субјекти активно да учествуваат во конституирањето на јавноста како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)