Тие, всушност, самите си го полнат бурето со барут, за некој од далеку да го активира и да ја предизвика експлозијата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ништо не одговори, но почувствува дека дискусијата ќе застрани кон нов тек, кој би ги оддалечил од првичната цел да го запрат вниманието на уште некој збор со балканско и трансбалканско значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа е интерактивно дело, за чијшто влез е потребно гледачот/набqудувачот посебно да се приготви: на главата мора да си стави кацига/ okno.mk | Margina #15-16 [1995] 41 очила со монитор, на раката да навлече податочна ракавица (data glove).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога посматрачот ќе биде соодветно вклучен, асистентот покрај компјутерите го активира компјутерскиот програм за Home of the brain, со посебни постапки ги премерува и ги програмира различните движења на раката од примателот со споменатата ракавица. Home of the brain е музеј на помнењето составен од четири соби, во кои што се симулирани графички содржини значајни за мисловните светови на четирите значајни мислители на медиската парадигма: Joseph Weisenbaum, Vilem Flusser, Marwin Minsky и Paul Virilio.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Џерард играше со флуоросцентните цевки во рацете и мавташе со нив по воздухот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Публиката беше како хипнотизирана - кога некој клинец палејќи цигара случајно го активираше противпожарниот аларм, никој не се ни помрдна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ех, да знаеше кутриот Х.Х. каде ми одеа мислите, да изустев само дел од нив, по којзнае кој пат, бездруго ќе измислеше изговор, за да запре пред првата бандера, ќе го активираше телефонот на навивање, директно поврзан со Централата, ќе имаше што да јави, ќе понудеше нови аргументи за мојата непоправливост.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не поднесувам такви облици и, секако, веднаш го активирам реактивниот радар .
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така, во случај бакалницата да се открие, тие би имале можност и време да го активираат динамитот и да не дозволат тој да се заплени а тие да бидат фатени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ридот Цион е мајката на Израил, Ерусалим е центарот на светот, можеби е ова времето кога вековно прогонетите, страдната дијаспора, вековно расеаниот Израил конечно ќе се врати кон матицата, барем духовно обединет околу неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како резултат на владините политики за нов начин на пресметка на платата во комбинација со алчните политики на работодавачот (на кои им се отвори можност, со разни манипулации, да не го исплаќаат надоместокот за исхрана) – на почетокот на 2009, платата на Ѓорѓиевски изнесува околу 9.500 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако работниците јасно увидуваат дека работодавачот нема никаква намера да го исполни ветеното, во текот на месец март 2009 година, повторно го активираат штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Револверот ми е во раката. Го активирам.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)