ги (зам.) - често (прил.)

Луѓето го молат господа да им ги прости сите гревови што понекогаш ги чинеле на добичињата и ајваните, оставајќи ги често и жедни и гладни, што ги мавале без мера, што ги претоварале, што ги преморувале во орање, што во студено време кога биле спотни не ги покривале и заштитувале како што треба, туку кога фрчеле со носот, тие им велеле: утур-бутур! пукнал-треснал!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко, обземен од значењата на своите книги, до кои допираше по деноноќното читање, размислуваше, без по­­­­из­ра­зи­то чувствување на семејното време, на динами­ка­та на нашето растење, понесен со некакви метафизички изле­зи за кои веруваше дека му ги откриваат само книгите, чи­тајќи ги често и со променлив распоред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)