Тоа се случи додека Азра, држејќи се да не падне, ѝ ја тегнеше косата, или можеби се случи неколку мига потоа, кога таа со пијани чекори отиде во кујната, го зеде ножот што беше обесен над шпоретот и, кога се врати, кога дојде над неа, лесно и го лизна во мекото, над градната коска на Ханка и потоа заврте на лево и на десно, кон жилите на вратот кои извесно време даваа тегав отпор, но само малку подоцна лесно се отворија и од нив изненадувачки силно прсна крв по рацете на Азра, по креветот и долу, на подот, обливајќи ги ситните парчиња хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Подвижните птици пееја на минијатурните дрвја, малите волци талкаа низ шумата, малечките човечиња трчаа по ледините под сончевите зраци ладејќи се со минијатур-ни ладила, слушајќи ги ситните смарагдни птици, стоејќи покрај неверојатно малите шумни водоскоци.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во река без дно, неуморно галејќи ги ситните каменчиња, одронати од урнатините на омразата, од подлото распаѓање на екскомуникацијата на две птички на гранките, од разгранетото дрво на животот, и репризното ,,ОВА НЕ Е КРАЈ“ стрпи се...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)