2. Методата со која се користи Мејл-артот (неговиот јазик) е јазикот на секојдневието вперен (во форма на поштенски „ракети“ чиишто глави се наполнети со фантазија) кон глупоста, лицемерието, еретичноста, идеализмот, идеологијата, анархијата, моралот, татковината, религијата, политиката, пазарот, културата, манипулирајќи со сите материјални продукти на технолошката империја, вклучувајќи ги нејзините скриени јазици, тотеми и табуи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој со едната рака ја држеше цврсто за половината чувствувајќи ги нејзините растреперени мускули, а со другата рака ја стискаше нејзината рака и ја чувствуваше нејзината врелина и спонтаност привлекувајќи ја кон себе колку што е дозволено.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Азра залепена на грбот на Андон имаше чувство дека и таа, заедно со грубото тело на пријателот, се вовлекува во Лилица и, слушајќи ги нејзините крикови, ја обземаше чувство на страст.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Лесно одев низ приказната редејќи ги нејзините забелешки и моите сеќавања, ама душата ми се кинеше при секое седнување на тастатурата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога отидов во МАНУ да се видам со чичко Ташко, тој ми постави само едно прашање!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Читајќи ги нејзините редови, како знаци во кои беше присутен повикот на судбината, јас, всушност, се враќав во Македонија, во земјата што ја претставував, во земјата на моите кози и книги, во делот на семејството, во среќен егзил што требаше да го продолжам во мојот балкански дел на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ако не беше присутна нејзината рака, во станов сè ќе беше испорастурено, заклучуваш следејќи ги нејзините постапки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Следејќи ги нејзините претпоставки, мажот тргнува во потрага по работникот и го пронаоѓа мртов.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Од тоа будење во водата снагата долго време му трепереше и му се одземаше сонот слушајќи ги нејзините прекори: ”Спи, да не си заспал!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
“Но Бреда, реков допирајќи ја за да ја смирам и патем милувајќи ги нејзините меки, со пластика пресвлечени гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја фатив за рамениците, ѝ ја подигнав главата и ја натерав да ме погледне в очи. „Чист сум, верувај ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Зарем не ми веруваш? Немаш доверба во мене? Зарем не... зар не ме сакаш?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)