Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Вие сте наполно во право кога следејќи ги драматичните настани во Македонија велите дека човекот си е таков каков што си е, и нема никогаш да најде идеална земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тогаш беше познат како еден од најголемите француски есеисти, беше член на Француската академија, преведувач и претставувач на големите латино-американски писатели Борхес, Неруда, Астуријас, Кортезар, близок пријател на Сен-Џон Перс и Жорж Батај, но важеше и за голем истражувач на мистериозните предели на земјата, беше колекционер на ретки минерали и кристали.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Големите заблуди, се чини, секогаш доаѓале оттаму што во различни времиња, најголемите грешки се правеле во името токму на постоењето на новиот човек, натчовекот, неговото красење со незаслужени ореоли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)